SUZUKI - TEST DRIVE DAY

3,5 литри со S-Cross 1.0 со 112КС е најниската реална потрошувачка на Suzuki Test Drive Day

Слободан Србиноски е победник во натпреварувањето на Suzuki Test Drive Day, за возење со најниска потрошувачка, настан одржан неодамна, конкретно на 21 Април

Звучи неверојатно, но вистинито е, рутата од салонот на Suzuki, преку Александар Палас, десно по Партизанска, до кружниот тек во Влае, и десно назад кон салонот на Suzuki, Слободан ја помина со просечна потршувачка од 3,5 литри / 100Km, подобрувајќи го претходно најдобриот резултат од 3,7 литри, поставен на претходниот Suzuki Test Drive Day.

Резултатот е поставен со моделот Suzuki S-Cross 1.0 со 112 КС.

Иако многупати сме се увериле во ниската потрошувачка на сите модели на Suzuki, овој резултат е изненадувачки дури и за нас од Suzuki. Како што ветивме, сопственикот на најдобриот резултат доби награда - Викенд тест возење со полн резервоар.

Инаку, на тест возењето, на располагање беа повеќе модели од гамата на Suzuki. Во продолжение е листа со најдобри резултати, т.е. најниска потрошувачка. Во некои тест возења, во автомобилот имаше 3, 4, или 5 патници, што и дава дополнително тежина на бројката за потрошувачка - постигната значи со полн автомобил.

Ако ги погледнете и другите резултати за реална потрошувачка, на останатите натпреварувачи, ќе забележите дека речиси сите се фантастични бројки за потрошувачка, особено ако се има предвид фактот дека се направени со SUV модели како S-Cross или Vitara, и особено бидејќи во главно се работи за бензиски мотори, со 112КС, 120КС или 140КС.

Во духот на јапонската култура, која се базира на искреност, чесност и висок морал, така е и со секој Suzuki модел. Го добивате тоа што го ветува фабриката, ништо помалку од тоа. Впрочем, ако не верувате во овие бројки за потрошувачка, ве покануваме во салонот на Миркат, на ул. Скупи бб, во било кое време - дојдете, пробајте, повозете, ќе се уверите колку малку троши секој модел. Притоа, ќе се изненадите со колку потенцијал располагаат моторите, особено новите Boosterjet мотори.

 

ЛИСТА НА РЕАЛНА ПОТРОШУВАЧКА

Име и Презиме

Потрошувачка

Модел / Мотор

 

Бр. на патници

 
Слободан Србиноски 3,5 l/100Km S-Cross 1.0 Бензин 112КС  
Петар Мастев 4,2 l/100Km Vitara 1.6 Бензин 120КС 4
Климент Ѓорески 4,3 l/100Km Vitara 1.6 Бензин 120КС  
Дејан Митровски 4,5 l/100Km Ignis 1.2 Бензин 90КС  
Ѓорѓи Бојчевски 4,5 l/100Km Ignis 1.2 Бензин 90КС  
Дејан Авдагиќ 4,6 l/100Km Vitara 1.6 Дизел 120КС  
Слободан Србиноски 5,3 l/100Km S-Cross 1.4 Бензин 140КС  
Љубе Ристевски 5,3 l/100Km S-Cross 1.0 Бензин 112КС  
Љубомира Тасева 5,3 l/100Km Ignis 1.2, Бензин 90КС  
Данило Мициќ 5,4 l/100Km Vitara 1.6 Бензин 120КС 5
Методија Андонов 5.5 l/100Km Vitara 1.6 Бензин 120КС 5
Емил Алаѓозовски 5,6 l/100Km Vitara 1.6 Бензин 120КС  
Емил Алаѓозоски 5,7 l/100Km S-Cross 1.4 Бензин 140КС  
Андреа Димов 5,9 l/100Km S-Cross 1.4 Бензин 140КС  
Мартин Петрушевски 6,0 l/100Km S-Cross 1.4 Бензин 140КС  
Горан Манасиевски 6,0 l/100Km Vitara 1.6 Бензин 120КС 5
Благоја Ристески 6,1 l/100Km S-Cross 1.4 Бензин 140КС  
Драган Головодовски 6,4 l/100Km Vitara 1.6 Дизел 120КС  
Александар Митровски 6,5 l/100Km S-Cross 1.4 Бензин 140КС  
Ѓорѓи Палевски 6.5 l/100Km S-Cross 1.4 Бензин 140КС  
Зоран Јачевски 6,6 l/100Km S-Cross 1.4 Бензин 140КС  
Марко Радуловиќ 6,6 l/100Km S-Cross 1.4 Бензин 140КС  
Ангел Панов 6,9 l/100Km Vitara 1.6 Бензин 120КС