Suzuki Swift

Swift Sport петти пат по ред со награда во својата категорија

 

Vitara и Swift Sport се добитници на наградите “Best Buy” во 2016, на “Car of the Year”, организиран од “What Car?” магазинот, еден од најреномираните автомобилски медиуми во Обединетото Кралство.

Suzuki Vitara е добитник на наградата “Best Buy”, во категоријата на мали СУВ автомобили, под 15.000 фунти, додека Suzuki Swift Sport, во категоријата хот-хеч под 15.000 фунти.

Suzuki Vitara беше високо оценет кога беа во прашање перформансите, опциите и опремата кои ги нуди како и просторната кабина.



Suzuki Swift Sport пак, ја добива оваа награда петта година по ред. Уредникот на реномираниот автомобилски магазин вели дека Suzuki Swift Sport е олицетворение на помладата генерација на автомобили во категоријата хот-хеч, и има заслужено место во гамата на победниците изминативе години.