Suzuki Swift

Први фотографии од новиот Suzuki Swift

 

Новиот Suzuki Swift треба да пристигне кон крајот на оваа година. Еве ги имаме првите рендери, кои најавуваат подинамичен и помодерен дизајн...

Главните промени се во предниот дел, каде отворот за ладилникот е сега многу поголем и поагресивен, додека фаровите се поставени повисоко со цел да се добие подинамичен изглед.

Фаровите вклучуваат LED дневни светла, предните “A” носачи се обоени во црна боја како и досега, но за разлика од актуелниот модел тука и задниот “C” носач е делумно обоен во црна боја, како би се добило чувство дека покривот лебди над автомобилот. Задниот дел е многу сличен на актуелниот модел, но со поелегантен изгле.

Новиот Swift ќе биде освежен со целосно нови турбо бензинци со зафатнина од 1.0 литри во основниот модел и 1.4 литри во Sport моделот. Се очекува и зголемување на просторот во внатрешноста и поголем багажник, како и поквалитетни материјали и централна конзола со голем дисплеј на допир.