Suzuki Vitara

Vitara прогласена за најдобар компактен кросовер во Велика Британија и Австралија

 

Најпродаваниот неделен магазин во Велика Британија Sunday Times и ја додели наградата за најдобар „Компактен Кросовер“ на Vitara, во листата на Топ 100 автомобили за 2016 година, а истовремено, Vitara ја доби и наградата за најдобар градски SUV во Австралија

На листата, Suzuki Vitara заврши пред многу реномирани противници, како Honda HR-V, Land Rover Range Rover Evoque и Ford Kuga, што само дополнително ги потврдува квалитетите на легендарниот модел на Suzuki.

Според Sunday Times , Suzuki Vitara ја добива наградата поради удобното возење, комфорната внатрешност, квалитетната изработка и трајноста на материјалите, како и одличните возни својства на терен за моделот со погон на сите четири тркала.

Исто така, пофалени се и стандардната и дополнителната опрема, кои вклучуваат одлична сателитска навигација, камера за возење назад, DAB дигитално радио и богата опрема за безбедноста, а кои се достапни уште во најевтините модели, правејќи ја Vitara најисплатливиот модел во сегментот.

Drive Magazine пак, постои повеќе од 10 години, и е еден од најчитаните медиуми во Австралија. Наградата “Best City SUV 2015” и беше доделена на Vitara благодарение на позитивните критики во скоро сите категории.

Vitara беше особено пофалена за одличната комбинација на возните својства, перформанси, простор и односот на вложено – добиено.