Suzuki Corporate

Suzuki доби награда од „Јапонското Општество за Промоција на Машинската Индустрија“

 

Suzuki Motor Corporation, за прв пат во својата историја ја доби наградата “Japan Society for the Promotion of Machine Industry Chairman’s Prize”.

Наградата се врачува на компании, корпорации, универзитети и центри за развој и нивните членови, чии брилијантни резултати за истражување и развој, како и високи постигнувања во машинската индустрија, се препознаени како заслужни за прогресијата и развојот на машинските индустриски технологии.

Членови на тимот кој ја доби наградата се, исто така членови на одделот за дизајн на мотори во Suzuki се: Хидеки Комада, Хироши Камацуке, Сатохиро Јошида, Томохиро Фукада и Кеничиро Охга.

Suzuki ја доби наградата за Auto Gear Shift автоматскиот менувач, кој е специјално конструиран да ја подобри возливоста и да биде полесен за управување. Ова е првиот автоматски менувач во светот кој се базира на мануелен менувач, со хидрауличен активатор кој се грижи за целосна промена на брзините – од притискање на квачилото, до промената на степенот на пренос во менувачот.

Според тоа, AGS е евтино и квалитетно решение, кое овозможува поголема забава во возењето, придружена со помали трошоци и помала емисија на штетни гасови. AGS ќе се вградува во малите модели на Suzuki, меѓу кои и новиот Celerio во Европа.