Suzuki Ignis

Новиот Ignis веќе е претставен во Јапонија

 

Suzuki Motor Corporation и официјално го претстави новиот Ignis на пазарот во Јапонија, и со ќе отвори нов жанр на мини SUV автомобили.

Suzuki Ignis е модерен урбан кросовер кој е базиран на концептот „Функционален и стилистички“, кој не само што ќе може да биде користен како секојдневно возило, туку и да се користи во викенд активностите во природа, задоволувајќи ги потребите на поголема група на корисници.

Возачките перформанси на Ignis му дозволуваат да е подеднакво суверен на снег и нерамен терен како и на асфалт. Високата возачка позиција и малата и компактна каросерија го прават одличен за маневрирање во градските  гужви, додека високата поставеност од патот значи дека Ignis лесно ќе помине и преку повисоките тротоари и нерамнини на патот.


Софистицираниот стајлинг однадвор комбинира едноставни линии и површини, додека модерната експресија во внатрешноста остава впечаток на свежина и висок квалитет.

Сите варијанти на Ignis во Јапонија се бидат опремени со SVHS (Smart Hybrid Vehicle by Suzuki), односно новиот хибриден погон на Suzuki, кој комбинира 1,2 литарски бензинец со мал електричен мотор. Овој погон го краси исклучително ниска потрошувачка на гориво од 3,4 литри на 100 km (за 2WD моделот).

Ignis е достапен и со 4WD варијанта со погон на сите тркала, која има и специјални системи кои го олеснуваат возењето по тешки надолнини, како и по лизгав пат, снег или кал.

Функционалноста во кабината исто така е еден од најголемите адути на Ignis – задната клупа може да се лизга напред – назад, со цел да ги задоволи потребите на различните корисници, било дали тие сакаат повеќе простор на задната клупа или поголем багажник.

Ignis доаѓа и со целосно нов систем за навигација и мултимедијални содржини кој има вграден простор за складирање податоци, како и Apple CarPlay можност за поврзување со iPhone. Како и секогаш во Suzuki, безбедноста е на највисоко ниво – основниот модел има 6 воздушни перничиња како и помош при кочењето со помош на две камери DCBS.

По претставувањето на Ignis во Јапонија, планирано е и лансирање на моделот на останатите пазари низ светот, меѓу кои и Европа, и секако Македонија.