Нов концепт

Suzuki Mighty Deck Concept – лајфстајл мини автомобил

 

На саемот во Токио, Suzuki го претстави Mighty Deck концептот, автомобил наменет за оние со активен животен стил.

Mighty Deck спаѓа во класата на Kei автомобили, кои имаат исклучително мали димензии, а се продаваат на пазарот во Јапонија. Kei автомобилите ги карактеризира одлична искористеност на просторот, нешто што секако е случај со овој концепт долг само 3.395 милиметри.

Имено, со отворањето на задната врата, се зголемува должината на багажниот простор, па тука би можеле да ставите дури и скии или борд за сурфање, додека во кабината ќе може да се сместат четири патници во 2+2 конфигурација.

 

Како возило наменето пред се за уживање, Mighty Deck има и можност за отворање на платнениот покрив и целосен поглед на небото. Внатрешноста е пак изработена од исклучително квалитетни и еколошки материјали и целосно дигитализирана средна конзола.