Нов модел

Новиот Ignis претставен на Tokyo Motor Show

 

Една од најголемите ѕвезди на саемот за автомобили во Токио беше новиот Ignis, кој донесува нови начини за забава во ниската класа и едноставен и ретро дизајн. Како и секој Suzuki теренец и новиот Ignis ќе се нуди со 4WD погон на сите четири тркала.

Новиот Ignis е исклучително интелигентен мал автомобил, но со можности кои ги надминуваат сите очекувања. Автомобилот е дизајниран со цел да биде лесен и безбеден за возење независно од подлогата, но и да понуди високо ниво на забава за возачот.

Однадвор го карактеризираат неколку дистинктивни дизајнерски елементи. Целата каросерија е дизајнирана како капсула, со чисти и минималистички линии кои му даваат едноставен, но допадлив изглед. Високите страници, малите стакла, 18 инчните алуминиумски тркала и црните А и В носачи пак придонесуваат за робусен, спортски изглед.

Новиот Ignis лежи на целосно нова платформа со која е намалена тежината на целото возило, што придонесува за подобрување перформансите и возните својства, како и намалување на потрошувачката. Новиот Ignis има компактни димензии: 3693х1709х1566 mm (ДхШхВ) и меѓуоскино растојание од 2438 mm, но и покрај тоа има пространа и функционална кабина, заедно со голем багажен простор.

Со Ignis ќе бидат достапни два нови бензински агрегати – 1,2 литарски DUALJET и 1,0 литарски BOOSTERJET турбо агрегат. Suzuki планира и понуда на новиот SVHS хибриден систем, кој е спој на 1,2 литарскиот бензинец со мал електричен мотор и литиум – јонски батерии.

Ignis ќе биде понуден со погон на предните, како и 4WD погон на сите тркала.