Нов менувач

Suzuki AGS роботизиран автоматски менувач – совршен спој меѓу перформансите и ефикасноста

 

Новиот AGS автоматски менувач со пет брзини, го олеснува возењето и ги прави промените на брзините многу помеки, ја намалува потрошувачката и ја зголемува забавата зад воланот.

AGS оперира како и секој автоматски менувач – возачот ги користи само педалата за гас и педалата за кочење. Сепак, за разлика од стандардните автоматски менувачи, овој има специјален електронски програм кој се грижи за промената на брзините. Ова го прави менувањето побрзо и помеко, а целиот менувач има пониска маса, што влијае позитивно на намалување на потрошувачката и емисијата на издувни гасови.

AGS менувачот има и мануелен мод на работа, во кој возачот може сам да ги менува брзините само со померување на палката лево и потоа напред – назад за посакуваната брзина. Вака, целосната контрола е во рацете на возачот, исто како и кај мануелните менувачи, со таа разлика што нема потреба од ослободување на квачилото – се е извршено автоматски!

Сите овие карактеристики му овозможуваат на AGS менувачот да го има најдоброто од мануелните менувачи (ниска потрошувачка и високи перформанси) и автоматските менувачи (полесно возење). И најважно од се, новиот AGS роботизиран автоматски менувач е поевтин од останатите автоматски менувач, што автоматски го прави подостапен за вас!