Безбедносни технологии

Suzuki RBS и ACC – единствени системи во класата кои спречуваат евентуален судир

 

Ние во Suzuki исклучително сериозно ја сфаќаме безбедноста. Затоа, го понудивме Radar Brake Support системот, кој може да ви помогне целосно да го спречите судирот со автомобилот.

RBS (Radar Brake Support) системот на Suzuki, користи прецизен радар, поставен во предната маска на автомобилот, зад Suzuki знакот. Радарот будно го следи патот напред и цело време ја мери оддалеченоста од автомобилот напред. RBS работи при брзини од 5 до 180 km/h и може да детектира возило до 100 метри оддалеченост.

Системот има три функции. Прво, доколку почувствува дека има опасност од судир со автомобилот напред, звучно го предупредува возачот 3 секунди пред евентуалниот судир, за тој да почне да кочи. Потоа, му помага на возачот при кочењето, односно ја зголемува силата на кочење преку серво уредот. Ова може драстично да го намали патот на кочење. Доколку возачот не реагира навреме, системот автоматски ги активира кочниците и помага при целосно избегнување на судирот. Возачот може да избере кога системот ќе се активира меѓу две опции “FAR” односно далеку и “NEAR” односно близу.

Прилагодливиот темпомат работи исто така со помош на радарот и може автоматски да ја одржува брзината на автомобилот што е пред Вас, што е особено корисно на автопат. На пример, доколку се појави автомобил во Вашата лента, кој е побавен од Вас, Вашиот Suzuki автоматски ќе ја прилагоди неговата брзина на тој автомобил. Потоа, доколку се тргне автомобилот или се преместите на друга, празна лента, автомобилот ќе се врати на претходно дефинираната брзина. Тука, возачот може да избере меѓу три различни подесувања за оддалеченоста од возилото напред: “Medium” или средна, “Long” или долга и “Short или кратка.

Затоа, со Вашето Suzuki можете секогаш да се чувствувате безбедно, дури и ако на момент во тргнете вниманието од патот. Покрај тоа, прилагодливиот темпомат го олеснува возењето при подолги патувања – возачот треба само да управува со воланот.