Suzuki новости

Нова Suzuki Vitara S со целосно нов 1,4 турбо бензинец со 140 КС

 

Моделската понуда Vitara е збогатена со нов "S" модел, во кој ќе се вградува целосно нов 1,4 BOOSTERJET турбо бензинец кој располага со 140 КС при 220 Nm вртежен момент.

Најекслузивната верзија на Vitara ја краси лукзус и спорт, и секако ја носи ниво погоре во однос на конкуренцијата во класата на компактни кросовери.

Vitara S е првиот модел во гамата на Suzuki кој го има целосно новиот 1,4 BOOSTERJET, кој во комбиинација со 6-степен менувач, максималната брзина достигнува до 200 Km/h, забрзувањето од 0-100 km/h трае само 9,5 секунди, а потрошувачката останува во границите на најштедлиците во класата (6.3L/100km во град), 5.0L/100km на отворено and 5.4L/100km комбинирано. Освен мануелниот, секако на понуда е и автоматски 6-степен менувач.

Како надополнение на новиот моќен мотор, најголемата визуелна промена однадвор кај Vitara S е вградувањето на нов отвор за воздухот во предната маска, хромиран, дизајнерски инспириран од концептот iV-4, како и LED дневните светла, но и црно обоени калници и носачи, кои дополнително го истакнуваат динамичниот изглед на моделот.

Внатре, Vitara S е опремена со црвени детали и седишта кои се мешавина од кожа и велур, но и алуминиумски педали за гас, кочница и спојка, со цел на патниците да им се долови спортскиот карактер на возилото.

Цената на моделот со мануелен менувач изнесува 22.500 Евра, додека со автоматскиот 24.500. Секој модел на Vitara S е опремен со интелигентниот погон на 4 тркала - Allgrip.

Новитет е со 7 – инчниот екран на допир (Smartphone linkage display audio + rearview camera + NAV), кој сега е опремен со Apple CarPlay стандардот за пресликување на апликациите од Вашиот iPhone.