Suzuki новости

Suzuki Baleno – хармонична комбинација на перформанси и практичност

 

Во конструирањето на новиот Baleno, Suzuki имаше една основна мисла – да се обрне максимално внимание на апсолутно секој дел од автомобилот. Резултатот е хармонија на перформансите, постигнати преку ултра модерни технологии, со практичноста, постигната преку паметното распоредување на просторот во внатрешноста.

Suzuki Baleno е автомобил кој ќе пружи подеднаква забава на возачот и удобност и комфор на патниците, односно, како што вели главниот инженер за развојот на автомобилот, Кунихико: "Си поставивме цел да го дизајнираме идеалниот хечбек, кој не прави компромиси и кој ќе има елегантен, софистициран и пораснат карактер.

Дизајн
Однадвор, главна карактеристика е "Liquid Flow" дизајнот, кој асоцира на течност во движење и кој меките линии ги склопува во спортски изглед, благодарение на широката и ниска каросерија. Големо внимание е посветено и на деталите, како црните и хромирани елементи околу предните фарови, задните LED светла, затемнетиот преден "A" носач, задниот кровен спојлер и достапноста на девет бои, меѓу кои и "Ray Blue Pearl Metallic" која се претопува од зелена кон црвена нијанса, зависно од кој агол ја гледате.

Ентериерот исто така го карактеризира модерен и елегантен дизајн, со употреба на квалитетни материјали и сребрени детали, како и црвенкасто осветлување. Средната конзола збогатена со 7 инчен екран на допир и специјален кружен дисплеј за клима уредот.

Нова платформа и нови мотори
Baleno лежи на целосно нова платформа, во која се направени радикални промени во дизајнот, а со цел да се постигнат голема цврстина и ниска маса на каросеријата. Споредено со платформата користена претходно, постигната е 10% поголема цврстина и 15% помала маса. Овие карактеристики се фундаментални за подобрување на перформансите, намалување на потрошувачката и емисијата на издувни гасови, подобрување на рафинираноста во поглед на намалување на вибрациите и зголемување на динамичноста во возењето.

Новиот Baleno доаѓа и со два целосно нови бензински мотори. 1.0 BOOSTERJET агрегатот има директно впрскување на горивото и турбо полнач, со кои се постигнуваат одлични перформанси и исклучително ниска потрошувачка на гориво и емисија на издувни гасови. Овој агрегат има максимална сила од 112 КС и висок вртежен момент од 170 Nm. Вториот агрегат е новиот 1,2 литарски атмосферски бензинец со подобрена термална ефикасност, а благодарение на двете прскалки по цилиндар и максимална сила од 90 КС. Baleno ќе биде достапен и со хибриден погон, со таканаречениот "Благ хибрид", кој преку интегрираниот стартер генератор му помага на бензинскиот мотор во тргнување, односно ја "собира" силата при сопирање и притоа ја полни вградената литиум – јонска батерија. Со овој погон, Baleno постигнува исклучително ниска емисија на штетни гасови од само 93 g/km CO2.

Паметно конструирана кабина, со цел максимизирање на просторот
Инженерите задолжени за дизајнирањето на внатрешноста,имаат посветено големо внимание на секој милиметар од кабината, а со цел да се ослободи максимално простор за патниците. Резултатот се најпространа кабина за патниците и на предните и на задните седишта и најголем багажник во класата од 355 литри. Покрај тоа, задните седишта можат да се спуштат и соберат само со еден потег, со цел да се ослободи повеќе товарен простор.

Безбедност
Baleno е меѓу првите модели во сегментот со достапност на систем кој активно му асистира на возачот при возење. RBS (Radar Brake Support) автоматски ги детектира возилата кои се пред вас при брзини над 5 km/h и реагира со: 1) звучно предупредување за возачот; 2) зголемување на силата на кочење; 3) автоматско кочење на возилото. Покрај овој систем, новиот Baleno е достапен и со целосна контрола на стабилноста ESP и 6 воздушни перничиња уште во почетниот модел.