Suzuki новости

Нов Suzuki Ignis ќе биде претста-вен на саемот во Токио

 

Сериската изведба на концептот Ignis, кој претходно беше претставен како концептот iM-4, ќе биде претставен на саемот во Токио. Автомобилот ќе се продава и на европскиот пазар и ќе понуди SUV перформанси во мало, урбано пакување.

Со новиот Ignis кросовер, Suzuki сака да покаже дека мал, урбан автомобил може да понуди подеднакво ниво на функционалност и возачко уживање. Погонот во Ignis ќе биде "благиот хибрид" со 1,2 литарски DUALJET бензински мотор и мал електричен мотор, кој ќе има исклучително ниска потрошувачка и емисија на штетни гасови.

Новиот Ignis ќе лежи на нова платформа, која има многу поголема цврстина и пониска маса, што дополнително ќе донесе за зголемување на економичноста, но и на подобрените возни својства и ултимативно, возачкото уживање.

Покрај "обичниот" Ignis, Suzuki ќе претстави и верзија со погон на сите четири тркала, која ќе се вика Trail Concept и која ќе биде наменета за оние со авантуристички амбиции.