Suzuki новости

Suzuki го претстави новиот 1.0 BOOSTERJET турбо бензинец со директно впрскување

 

Новиот мотор во понудата на Suzuki за прв пат ќе се вградува во новото Baleno. Малиот 1.0 литарски бензинец има директно впрскување и турбо полнач, кои му овозможуваат исклучително високи перформанси и многу ниска потрошувачка и емисија на штетни гасови.

Директно впрскување на горивото
Директното впрскување, за разлика од надворешното, овозможува многу поголема контрола на тоа колку гориво ќе се внесе во смесата со воздух. За да се постигне ова, прскалките имаат шест отвори низ кои горивото се атомизира, односно се распрснува на многу мали честички, што потоа го олеснува согорувањето и мешањето на горивото со воздухот.

Исто така, комората за согорување и клипот се така дизајнирани за да се постигне посилно вртење на смесата, што дополнително го подобрува мешањето. Со врпскувањето на вистинската количина на гориво, се постигнува оптимизирање на смесата и се добива поголема сила и помала потрошувачка при согорувањето.

Турбо полнач
Турбо полначот придонесува за зголемување на количината на воздух во цилиндарот. Турбото ја користи енергијата на гасовите од издувниот систем, кои ги движат турбините на излезот и потоа, преку мало вратила, вртливиот момент се пренесува на турбините на влез на воздух во моторот. Резултатот е многу поголема сила, карактеристична за мотор со поголема зафатнина и висок вртежен момент, достапен уште на ниските вртежи.

Во BOOSTERJET моторот е вграден и посебен вентил, кој со отворање и затворање ја го контролира притисокот на воздухот кој ќе се внесе во цилиндарот, зависно од ситуацијата, односно потребите на возачот. Со ова дополнително се зголемува ефикасноста при побавно возење, односно високи перформанси при силно притискање на педалата за гас.

Употреба на лесни материјали и оптимизација
Покрај директното впрскување и турбината, новиот BOOSTERJET агрегат е целосно оптимизиран во поглед на намалување на масата и дизајнирање на компонентите. На пример, влезната грана е пократка, додека излезната е интегрирана во главата на цилиндарот, што ја зголемува компактноста на агрегатот и ја намалува масата на целиот мотор.

Крајниот резултат на сите иновации во 1.0 BOOSTERJET бензинскиот мотор е исклучително ниска потрошувачка и емисија на издувни гасови од една страна и големо возачко уживање од друга страна.