S

 

 

Suzuki новости

Suzuki Vitara е лидер во светот во емисија на CO2 кај 4х4 возилата без хибриден погон

 

Најмалата емисија на штетни гасови од сите модели со погон на сите четири тркала за Suzuki Vitara, е само уште еден доказ за високата технологија и ефикасност на моторите кои се вградуваат во моделите на Suzuki.

Со емисија на CO2 од само 111 g/km за моделот Vitara 1.6 DDiS SZ5 ALLGRIP, моделот на Suzuki е најчистиот SUV во светот со погон на сите тркала и без употреба на скапиот хибриден погон. Vitara е лидер и во поглед на потрошувачката, со просек од само 4,2 литри на 100 km.

Ниска емисија на штетни гасови го краси и моделот SX4 S-Cross 1.6 DDiS SZ-T, со само 114 g/km, што е уште еден доказ за примената на високата технологија во сите модели на Suzuki.

И бензинскиот модел на Vitara има исклучително ниска емисија на CO2, со само 130 g/km, што е исто така најдобар резултат во класата за моделите со иста моќност на моторот.

Покрај ефикасната моторизација, ниската емисија на штетни гасови е постигната и благодарение на ALLGRIP системот за погон на сите четири тркала на Suzuki. Тој придонесува за многу поголема безбедност во возењето, со минимално зголемување на потрошувачката и емисијата на штетни гасови во однос на моделот со погон на само предната оска.