S

 

 

Suzuki новости

Бидете единствени и кул – персонализирајте ја својата Vitara

 

Најновиот модел во гамата на Suzuki е вистински компактен SUV за новата генерација. Уште на прв поглед возилото делува модерно, но со доза на цврстина, која ни нагласува за каков вид на возило се работи. Доколку детално го простудирате екстериерот, ќе забележите неколку отвори на предниот браник и линии кои се протегаат преку целото возило, а потоа се спуштаат кон задниот дел.

Да, тоа изгледа добро, но е поставено со намена. Аеродинамиката е значително подобрена за разлика од претходната генерација, што е голем плус, затоа што знаеме како аеродинамиката се одразува кон возилото.

Во кабината ќе се сретнете со обликувана инструмент-табла и дизајн во "U" форма околу рачката за менувачот. За добриот внатрешен стајлинг придонесуваат кружниот саат, како и издувните отвори за вентилацијата, кои оддаваат спортско чувство.

Но, главната карактеристика во кул карактерот на новата Vitara е можноста за персонализирање. Купувачот може да избере од 15 бои за каросеријата на возилото, со можност дури и за двобојна надворешност, како и за обоени детали во внатрешноста.


За надворешноста, достапни се две различни бои за предната маска, која може да се нарача во црна и сребрена боја. Деталите во внатрешноста пак се нудат во четири различни бои и тоа тиркизна, портокалова, пијано црна или бела. И не само тоа – понудени се и два различни аналогни часовници – Карбон и Канџи. Комбинациите се скоро неограничени – секој може да го персонализира автомобилот по својот вкус и потреби.

Suzuki нуди и два претходно подготвени високо стилизирани пакети: Робусен и Урбан пакет. Првиот е наменет за оние кои сакаат да оддадат авантуристички впечаток. Вклучува украсна рамка околу магленките, странична заштита во долниот дел, заден дифузор и специјалната заштита на каросеријата при товарање. Урбаниот пакет е наменет за оние со динамичен стил на урбан живот и вклучува мала рамка околу магленките, мала странична заштита во долниот дел, како и кровен спојлер позади.