S

 

 

Suzuki новости

Suzuki Celerio – најпространиот автомобил во сегментот

 

Кога ќе помислите на мал, градски автомобил, сигурно очекувате дека ќе биде тесен и дека нема да може да смести многу багаж. Помислете уште еднаш, зошто Celerio ја има најпространата кабина во класата!

Додека конкурентите прават се за да постигнат доволно простор во кабината, ние направивме и повеќе од доволно простор во кабината. Затоа, во Celerio ќе може да се испружите и релаксирате дури и на задните седишта, како во автомобил од повисоката класа, без да има потреба патниците напред да го поместат седиштето.

Покрај големиот простор за патниците, Celerio може да се пофали и со исклучително голем багажник, кој со 254 литри е рекордер во класата. Благодарение на ова, Celerio не е веќе само градски автомобил – товарниот простор е доволно голем и за викенд патување надвор од местото каде живеете.

Големиот простор е придружен и со исклучително функционално изведена кабина. Celerio има дури 15 различни места за одлагање ситници во внатрешноста, како на пример два кружни отвори за големи пијалаци и специјално место за оставање на вашиот паметен телефон и тоа близу до USB полначот!

Со Celerio, ќе ги имате сите придобивки на мал автомобил, како ниската потрошувачка од само 4,3 литри на 100 километри и малите надворешни димензии, погодни за движење низ градските гужви, но со простор и функционалност како во многу поголем автомобил. Не правете компромиси – изберете Suzuki Celerio!