S

 

 

Suzuki новости

Suzuki Vitara постигна максимални 5 ѕвездички на Euro NCAP

 

Најновиот модел во нашата гама, Suzuki Vitara, беше награден со максимални 5 ѕвездички од реномираниот Euro NCAP, кој повеќе од една деценија ја испитува пасивната безбедност на новите автомобили.

Vitara е воедно и првиот компактен SUV кој има добиено максимален број на ѕвездички по новата, построга програма на тестирање за 2015 година. Оценките се високи во секоја категорија и сето тоа благодарение на Total Effective Control Technology, односно употребата на цврст челик за изработка на каросеријата.

Поединечно, за заштита на возрасните патници, Vitara освои 89%, за заштита на деца 85%, додека за заштита на пешаците исклучително високи 75%. За добриот скор на Vitara најзаслужен е автономниот систем за сопирање во итни случаи, кои инаку Euro NCAP го оценува од минатата година.

Suzuki Vitara е опремена со целосна опрема за безбедноста уште во основниот модел и тоа со 7 воздушни перници, ABS+EBD, ESP – систем за контрола на стабилноста, TCS – систем за контрола на влечната сила, систем за ослободување на педалите при удар и Isofix за детско седиште.

Покрај највисокото ниво на пасивна безбедност, Vitara нуди и исклучително ниво на активна безбедност, благодарение на ALLGRIP системот, кој е достапен кај моделите со погон на сите четири тркала и кој овозможува висока стабилност, независно од условите на патот и временските услови.