S

 

 

Suzuki новости

Suzuki Swift – најмоќен и најштедлив бензинец во класата

 

Изборот на мотор при купувањето на нов автомобил е секогаш проблематичен. Помалите мотори се поевтини и помалку трошат, но имаат многу слаби перформанси, додека помоќните мотори се многу поскапи и трошат повеќе гориво.

Затоа, ние во Suzuki се одлучивме на еден бензински агрегат, кој ќе ги задоволи потребите на сите купувачи. Со 94 КС извлечени од зафатнина од 1,2 литри, Swift има преку 20 КС повеќе од сите други модели во класата, благодарение на кои, забрзувањето до 100 km/h трае само 12,3 секунди, додека максималната брзина изнесува 165 km/h.

Сето ова е постигнато без да се земе данокот на потрошувачката – Swift е воедно и најекономичниот бензинец во класата, со просечна потрошувачка од 4,9 литри на 100 km за моделот со Auto Start&Stop технологија, која го гаси моторот додека возилото е статично. Потрошувачката во градски услови изнесува исто така ниски 5,8 литри, додека на отворено изнесува само 4,4 литри.

Како е постигнато тоа? Моторот е буквално полн со најнова технологија за оптимизирање на согорувањето на горивото во моторот. Системот за варијабилно отворање на вентилите работи и на влезните и на излезните вентили и е контролиран од специјален компјутер, што помага моторот да повлекува уште од ниските вртежи, а исто така да дава и максимална сила на повисоките вртежи. Системот за варијабилна контрола на отворањето на вентилите позитивно влијае и на потрошувачката, бидејќи помага максимално да се искористи дури и најмалата капка гориво.

1,2 литарскиот бензинец има и еколошка страна – испушта само 113 g/km CO2, што значи дека е исклучително чист за околината и помага во намалувањето на целосната емисија на штетни гасови во атмосферата.

Со изборот на Suzuki Swift со бензински мотор, не само што ќе и направите услуга на околината, туку ќе трошите многу помалку гориво и најважно од се, возењето ќе Ви биде многу позабавно!