S

 

 

Suzuki новости

Suzuki SX4 S-Cross – најфункционалниот автомобил за едно семејство!

 

Нека не ве залажуваат компактните надворешни димензии – SX4 S-Cross е автомобил кој е специјално дизајниран за да ги задоволи потребите дури и на најпребирливите фамилии!

Кабината има доволно простор и на предните и на задните седишта за пет возрасни патници, со особено многу комфор за колената и главата, каде модерниот Suzuki SUV автомобил е најдобар во класата. Но, функционалноста не значи само многу простор. Во SX4 S-Cross може и да се навали наслонот на задната клупа, за да Ви бидат поудобни долгите патувања. Спиењето на задните седишта не само што не е проблем, туку е исклучително удобно.

И не само што ќе може удобно и комфорно да запиете. Задниот потпирач за рака ќе ви направи да се чувствувате како да седите во фотелја, а на него ќе може да сместите и два големи пијалаци за да се освежите при долгите патувања, додека на предните седишта се вградени и специјални џебови за оставање други предмети и ситници. Suzuki Ви нуди и модел со панорамски покрив, кој целосно ќе го смени начинот на кој го доживувате патувањето.

И возачот и совозачот ќе уживаат во високо ниво на удобност. Напред има фиоки и отвори буквално за сите ситници што ќе ги понесете со себе, а во средниот потпирач за рака има можност за USB приклучување на надворешен уред, преку кој не само што ќе може да пуштите музика, туку ќе можете и да го наполните својот паметен телефон.

Носите и многу багаж со себе? Со 430 достапни литри во багажниот простор и правилен распоред, во SX4 S-Cross ќе можете да понесете се што ќе посакате. Вградена е и полица, за полесна организација на товарот, а задната клупа се спушта во сооднос 60:40 и овозможува внесување многу поголеми предмети. Во багажникот е вграден и приклучок од 12 V, посебна закачалка и специјални куки кои имаат намена да го држат багажот во место.

Навистина, потребна ли е подобра причина за купување на еден автомобил од тоа да им биде комфорно и удобно на Вашите најмили?