S

 

 

Suzuki новости

Suzuki ALLGRIP 4WD технологија – направете го возењето побезбедно!

 

Се мислите меѓу автомобил со погон на предните и со погон на сите тркала? Не мислете понатаму – ALLGRIP погонот на Suzuki нуди извонреден спој на висока безбедност и одлично возачко уживање!

Достапен во новата Vitara и новиот SX4 S-Cross, ALLGRIP погонот ќе Ви овозможи највисок можен контакт со подлогата независно од условите на патот. Асфалт, кал, дожд, снег, тежок терен... Каде и да возите, гарантираме дека ќе имате целосна контрола на возилото.

Во ALLGRIP 4WD системот се достапни четири различни режими на работа, кои можат лесно да се изберат преку вртливиот прекинувач на средната конзола.

Режимот Auto најчесто вози со погон на предните тркала, со цел пониска потрошувачка на горивото, но се префрла на погон на сите тркала само кога ќе почувствува пролизгување на возилото, притоа враќајќи го во зададената линија.

Режимот Sport ја подобрува агилноста во свиоците и почесто го користи погонот на сите тркала. Исто така, го подобрува одговорот на педалата за гас и кај автоматскиот менувач ги задржува вртежите на моторот на повисоко ниво. Овој режим е пред се наменет за уживателите во спортското возење.

Режимот Snow е оптимално подесен за снежно време, но и за други лизгави услови на патот. Го прави управувањето во вакви услови многу полесно и придонесува за намалување на пролизгувањето на автомобилот, а со тоа и зголемување на безбедноста.

Режимот Lock пак рамномерно ја распределува силата на предните и задните тркала, а воедно го користи и ESP системот за да го спречи пролизгувањето на тркалата во теренски услови, односно кога автомобилот е заглавен во кал, песок и слично.

Заедно со извонредно избалансираната шасија и моќните мотори, ALLGRIP системот со погон на сите тркала, не само што ќе го направи возењето побезбедно, туку ќе придонесе и за многу поголемо уживање за возачот, на и надвор од патот.