S

 

 

Suzuki новости

Suzuki Test Drive викенд – Vitara бензинец троши само 3,7 литри! Реално

 

На тест викендот, што изминатиот викенд се случи во организација на генералниот увозник на возилата од програмата на Suzuki, Миркат, посетителите докажаа дека новиот SUV на јапонскиот производител, троши исклучително малку гориво.

На настанот, секој посетител можеше ја тестира новата Vitara со бензинскиот мотор со 120 КС, но и да проба да вози што поекономично може. Оној што потроши најмалку гориво, доби викенд патување со автомобилот, со полн резервоар.

Пријавени беа неколку десетици заинтересирани за новата Vitara. Најниската измерена потрошувачка, во градски услови, беше 3,7 литри на 100 km, според компјутерот во автомобилот. Имаше и неколку возачи кои извозеа и со 4,2 литри (од кои една млада дама), односно околу 4,5 литри на 100 km, што е само дополнителен доказ за економичноста на Vitara со бензински мотор! Инаку, Vitara e достапна со еден бензински и еден дизел мотор, како и можност за избор на модел со погон на предните, односно погон на сите тркала.

Посетителите имаа можност да го тестираат и Suzuki SX4 S-Cross, со бензински и дизел мотор.

Секако, најдобриот резултат е поставен со претпазливо возење, и без вклучен клима уред. Со вклучен клима уред, потрошувачката би била повисока за 0,3 - 0,4 литри.

Подолу и ранг листата на натпреварувачите на натпреварот за најниска потрошувачка:

Александар Панов
Емилија Гиевска
Славчо Андов
Стефан Трајановски
Митре Поповски
Маријан Наумовски
Велимир Димитриоски
Даниел Миленковски
Александар Најдевски
Јордан Ѓоргиев
Климент Ѓорески
Дејан Стојчевски
Томислав Стаменковски
Никола Ѓорески
Слободан Спасеновски
3,7 l/100Km
4,2 l/100Km
4,2 l/100Km
4,5 l/100Km
4,8 l/100Km
4,9 l/100Km
5,4 l/100Km
5,7 l/100Km
5,8 l/100Km
5,9 l/100Km
5,9 l/100Km
6,0 l/100Km
6,4 l/100Km
7,7 l/100Km
7,8 l/100Km