S

 

 

Suzuki новости

Пристигнаа Vitara и Celerio

 

Новите Vitara и Celerio веќе пристигнаа во салонот на Suzuki

Двата Suzuki новитети најавени за почетокот на 2015-та, веќе се во Македонија - новата Vitara, која почнува со цена од 14.980 евра и малиот Celerio, со стартна цена од 8.360 евра. Уште во основните нивоа на опрема и двата модели се богато опремени.

Сите заинтересирани повеќе информации можат да добијат во салонот на Миркат на улица Скупи, каде ќе можат и одблизу да се запознаат со новите модели, и секако да направат тест возење.

 

Vitara настапува во класата на мали кросовери - одлични на терен, но и комфорни за во град, додека пак Celerio е замена за Alto и Splash.

Vitara е достапна со два мотори, 1,6 литарски бензинец и 1,6 литарски турбо дизел. И двата агрегати развиваат 120 КС, а се нудат со погон на предните или погон на сите тркала, со веќе добро познатиот систем ALLGRIP, кој има четири различни модови на работа од кои може да избере возачот – Auto, Sport, Snow и Lock. Возачот ги избира модовите преку вртлив џојстик на средната конзола, зависно од условите на патот, односно желбите.


Најевтиниот бензинец во понудата чини 14.980 евра, во нивото на опрема GL, додека со истата опрема дизелот чини 16.990 евра. Ова ниво на опрема вклучувацелосна опрема за безбедноста со 7 воздушни перничиња, електрика на стаклата напред, електрика на ретровизори, централна брава со далечинско, аудио систем со CD+MP3+USB и клима уред. И двата мотори ги карактеризира исклучително ниска потрошувачка на гориво и тоа 5,3 литри во просек за бензинецот, односно 4 литри за дизелот. Бензинецот се нуди со пет степен мануелен менувач и автоматски со шест степени, додека дизелот се нуди со мануелен менувач со шест степени.

Celerio пакго карактеризира исклучителен простор во внатрешноста, особено со оглед на малите надворешни димензии, како и многу мала потрошувачка на гориво од бензинецот со зафатнина од 1,0 литри и сила од 68 КС.

Основниот модел со нивото на опрема GL, кој чини 8.360 е единствениот во класата со целосна опрема за безбедноста, со сите системи за контрола на стабилноста и 4 воздушни перничиња, како и електрични стакла напред, централна брава со далечинско, аудио систем со CD+MP3+USB и клима уред.

Побогато опремениот модел GLX вклучува и електрични стакла назад, воздушни завеси, алуминиумски тркала, магленки, плус два звучници, предна маска со хромирани детали, Hill Hold помош за тргнување при нагорнина и ретровизори во боја на каросерија и чини 8.960 евра, што го прави веројатно најбогато опремениот автомобил во сегментот на мали градски автомобили.