S

 

 

Suzuki новости

Новите Vitara и Celerio од 18ти Март и во Македонија

 

Комплетно новата Vitara, како и наследникот на моделите Alto и Splash - Suzuki Celerio пристигнуваат во Македонија на 18ти март.

25 години по лансирањето на оригиналната Vitara, новиот модел настапува со модерен пристап и нуди многу персонализација, и секако многу достапна цена - 14.980 Eur за бензиски мотор 16.990 Eur за дизел мотор. Celerio пак, согласно слоганот НАЈГОЛЕМ МЕЃУ НАЈМАЛИТЕ, настапува во класата на мали градски автомобили, и се нуди по цена од 8.360 Евра.


Vitara пристигнува со еден бензински и еден дизелски агрегат. Двете варијанти се со идентична работна зафатнина од 1.600 кубни cm и исто ниво на моќ. Со бензинецот добивате 120С и 156Nm вртежен момент, додека на друга страна го имате дизелскиот мотор со 120 КС, но со двојно поголем вртежен момент од 3200Nm. Во понудата се бидат вклучени мануелен и автоматски менувач. Мануелниот, со 5 степени за бензинскиот агрегат и 6 степени за дизел. За љубителите на автоматски менувачи, тука е новиот автоматски менувач кој ветува прецизна контрола на возилото, ниска потрошувачка и намалена бучава произведена од менувачот.

Во споредба со својата конкуренција, Celerio нуди најголем простор во кабината, како и голем простор за багаж од 254 литри. Комбинацијта од 3,6 метри должина и 2,4 метри меѓуоскино растојание претставува совршен спој на мал автомобил однадвор, но просторен во внатрешноста. .

Опремен е со 1 литарски три-цилиндричен бензинец со добри 68 КС, просечната реална градска потрошувачка кај Celerio е најниска во класата, и изнесува само 5,1 литри на 100km (на отворено 3,7 литри), со 99 g/Km емисија на штетни гасови. На понуда е и модел со автоматски менувач кој е контролиран од страна на компјутер за зголемено уживање при возењето.

Опремата, уште во основниот модел ќе биде богата: 4 воздушни перничиња, систем за контрола на стабилноста, клима уред, CD радио со USB, Bluetooth...