S

 

 

Suzuki новости

Уште една награда за Swift - Green Apple

 

Suzuki Swift е двоен победник на доделувањето на наградите Green Apple, кое се одржа во Вестминстерската палата во Лондон, во земјата каде автообилите во голема мера се проценуваат според нивните возни својства и задоволството кое им го нудат на корисниците.

Green Apple Аwards е манифестација која се одржува под раководство на Зелената организација, а за добитниците на наградите одлучува Midland - здружението на новинари за автомобилизам.

Suzuki Swift доби прва награда во категоријата за мали автомобили и го освои второто место во главната конкуренција, издвојувајќи се од останатите ривали по одличните возни карактеристики, кои еден од членовите на жирито ги коментираше на следниов начин: "Малиот, пргав мотор и глаткото управување го прават ова возило најдобриот мал градски автомобил кој сум го возел во својата кариера. Совршен е за низ град".

Зелените карактеристики на автомобилот беа исто така потенцирани во конечното соопштение од настанот: "Ова возило едноставно воодушевува со рационалноста со која го троши горивото во малиот резервоар".

Судиите особено ја ценат сигурноста која ја овозможува Suzuki и сметаат дека станува збор за одличен модел што овозможува многу забава во текот на возењето.

Сите верзии на Swift гарантираат безбедност за патниците, со остварени 5 ѕвезди на EuroNCAP тестовите, со седум воздушни перничиња, ABS и ESP (Electronic Stability Programme).

Инаку, неодамна Swift стана уште поеколошки автомобил поради воведувањето на модифицираниот 1,3 DDiS мотор, кој емисиите на CO2 ги редуцира на 101 g/km и овозможува опсег од 117 километри со еден галон (4 литри) гориво при комбиниран циклус. Бензинскиот 1,2 Dual VVT агрегат е еден од најчистите супер - мини мотори на пазарот, со емисија на CO2 од само 116 g/km.