S

 

 

Suzuki новости

Swift Sport по трет пат го доби признанието "Best Buy"

 

Спортската изведнба на Swift беше високо оценета од страна на уредувачкиот тим на "What Car". Во силна конкуренција, конечното гласање резултираше со наградата "Најдобар автомобил за помалку од 15.000 фунти".

Според зборовите на Чес Холет, главен и одговорен уредник на магазинот „What Car?“: 

„Иако Suzuki Swift Sport е конструиран врз основа на нормален мал автомобил, сепак неговиот мотор и прецизноста при управувањето го прават многу повеќе од тоа. Во овој поглед Swift надминува дури и многу поскапи ривали, што ви дава желба и доверба притиснете низ серија кривини. Верзијата со три врати би требало да биде идеална за повеќето купувачи и мислиме дека тоа се' уште е најприфатливиот автомобил од оваа категорија кој купувачите може да си го дозволат“.

Swift Sport е достапен во 6 стандардни металик бои а е опремен со седум воздушни перничиња, клима уред, темпомат и 17-инчни алуминиумски бандажи. 

Mоќностa на 1,6-литарскиот мотор е комбинирана со минимална потрошувачка на гориво и емисија на CO2 од 147g/km. Sport е опремен со шест брзински рачен менувач како стандардна понуда.

Овој автомобил се покажа како доста популарен меѓу клиентите ширум Европа, особено кај помладите купувачи. Во Македонија за жал, нема многу купувачи кои ги препознаваат вредностите на автомобилите од кои крвта поинаку врие. 

Во Англија, Swift Sport и натаму има вредност помала од 15,000 фунти, односно 13.999 фунти за моделот со три врати и 14.499 за верзијата со пет врати, воведена во 2013-та година.

Кај нас, Swift Sport е достапен за 13.900 Eur