S

 

 

Suzuki новости

Автомобил кој мора да го имаш

 

Љубомир Рафајловски, победник на првиот Suzuki Test Drive Day, ја доби заслужената награда - Викенд со S-Cross. Благодарние на потрошените 4,0 литри просечна потрошувачка на натпреварот на кој се бараше возење со минимална порошувачка, Љубомир, заедно со своето семејство, уживаше во благодетите што компактниот SUV на Suzuki може да го понуди.

Како што се забележува и на фотографиите, Љубомир со своето семејство посети повеќе дестинации во Македонија, и на крај, несебично го сподели своето искуство кое ви го пренесуваме во целост.

А, бројката на потрошувачка? Комбинирано - во град и на отворено, цело време со пуштен клима уред и со четири патници во автомобилот... 5,3 литри.

Се започна тој ден "Suzuki Test Drive Day", ден кога за прв пат од блиску се сретнав со новиот SUV на Suzuki, SX4 S-Cross.

Кога возев тој ден неможев да поверувам во она што го гледам, бидејќи во еден момент на дисплејот се покажа вредност на просечна потрошувачка од 2,9 литри. Бев воодушевен и во шега искоментирав "зар постои 2-ка како бројка на дисплејот". Во тој момент сватив дека сакам да извозам најдобро време за да можам да го земам автомобилот на еден викенд и да видам што навистина нуди.

Навистина се израдував кога ми соопштија дека јас го имам најдоброто време и дека треба да се подготвам за викенд турнеа низ Македонија.

Со нетрпение го очекував викендот што следеше, а возбудата кулминираше кога ми го предадоа автомобилот на користење. Растеретен, полн со љубопитност се препуштив на оваа авантура, а искуството што следуваше сакам да го споделам со Вас.

Додека се пакував си помислив неопходен предмет за овој пат е дигиталниот апарат, кој веднаш го ставив во џеб за да го имам во секоја пригода, ама не знаев дека во салонот на Сузуки ме чека нешто слично. Имено возилото не поседува клуч туку само една мобилна единица (далечинско за врати) кое постојано беше во мојот џеб, а возилото се отвара кога ќе се доближиш до него, моторот стартува со притискање на копче, светлата се автоматски и што уште не. Си помислив знам за апарати идиоти ама автомобил хахаха.



Кога станува збор за надворешниот изглед мене и моето семејство не не остави рамнодушни, но да бидам искрен каде и да одевме привлекуваме погледи од најразлична категорија на луѓе и сите со воодушевување коментираа за изгледот на возилото.

Јас не можев да поверувам дека возило со оваа должина може да има толку голем внатрешен простор, а покрај се удобноста и ергономијата на седиштата беше фасцинантна, посебно морам да дадам акцент на задната клупа која е неверојатно удобна и со неверојатно голем простор за колената. Тогаш помислив дека овој комодитет е добиен за сметка на багажниот простор, но и тука се излажав.

Просторот е доволно голем и во него може да се сместат сите работи потребни за одмор на едно четиричлено семејство. Возењето неможе да се опише со неколку збора и знам дека ова е субјективен став но сепак ќе ги искажам моите импресии. Моторот е тивок, динамичен, еластичен и добро реагира во ситуација на додавање гас, претекнувањето е задоволство и дава чувство на сигурност. На отворен пат возев во рамки на дозволените ограничувања за брзина, со цел да ја видам економичноста на возилото. Во тие рамки просечната потрошувачката дојде до 4.7 литри, но со вклучена клима.

Да напоменам дека возилото цело време работеше со вклучена клима, како на отворен пат така и во градски услови. Откако ја увидов таа негова страна, си реков дај да проверам до кое ниво на потрошувачка може да оди ако се вози динамично, брзо, не штедејќи ја гаста во ниту еден случај. Во тој момент го активирав модот за спортско возење и реакцијата на моторот беше фантастична, неворојатно брзо забрзување кое за момент ме донесе до 180км/h. Си реков, ова е како да ја играш Need For Speed, а не да возиш вистински автомобил. Тогаш бев свесен дека овој "Јапонец" се повеќе ми се пика под кожа. Динамичното возење продолжи и на планинските превои Плетвар, Крушево и Пелистер, возилото беше возено и на терени надвор од жешкиот асвалт и секаде каде и да одевме чувствувавме задоволство и не сакавме ова искуство да заврши.

Кога за првпат ја дочекавме ноќта возилото уште еднаш не маѓепса, овој пат со својата внатрешност. Иструменти и копчиња со прекрасна илуминација, прегледност и достапност, а сето тоа проследено со добра музика од одличниот квалитет на аудио системот. Навистина возењето ноќе е прекрасно чувство, а ние се чувствуваме како да сме Капетан Пикард и неговиот екипаж и се наоѓаме на нашиот вселенски брод Enterprise.

Возилото е така конципирано да може да го возиш во урбана средина со високи тротоари, но и во рурални средини и планински патишта полни со дупки и непристапен терен, да може удобно да вози висок, но и низок човек, возач со искуство зад себе, но и млади луѓе со малку искуство, за секој маж и секоја жена. Едноставно возило за СЕКОГО.
На крај да ја соопштам просечната потрошувачка, таа изнесува неверојатни, барем за мене тоа е така, 5.3 литри.

Благодарност до МИРКАТ за ова искуство.


 





SUZUKI - TEST DRIVE DAY
Вози и докажи дека можеш да потрошиш само 4,5 литри на 100 километри, со новиот Suzuki S-Cross.. Прочитај повеќе
 
 
SUZUKI - TEST DRIVE DAY
Вози и докажи дека можеш да потрошиш само 4,5 литри на 100 километри, со новиот Suzuki S-Cross.. Прочитај повеќе