S

 

 

Suzuki

Новости

 

 

Заврши првиот Suzuki Test Drive Day

Првиот Suzuki Test Drive Day, со фокус на потрошувачката на новиот SUV на Suzuki, S-Cross, заврши и го доби првиот официјален победник - Љубомир Рафајловски, кој успеа да извози со потрошувачка од просечни 4,0 литри...

Натпреварот се состоеше во возење одредена рута, во која секој учесник требаше да ја помине рутата со што е можно помала потрошувачка. Од салонот на Suzuki, кон Александар Палас, преку Партизанска, покрај Лептокарија, до Сити Мол, преку Илинденска назад до салонот на Suzuki, рута која содржи и 2-3 застанувања на семафор.

1.6 литарскиот дизел мотор со 120 КС, уште еднаш изненади со својата ниска потрошувачка. Во официјалниот дел имаше натпреварувачи кои поминаа и со потрошени неверојатно ниски 4 литри / 100 Km. Ако се има предвид големината на автомобилот, кој е во класата на компактни SUV-ја, и секако силата на моторот, реална потрошувачка од 4 литри, e добредојдена за македонскиот купувач.

Интересно, имаше и такви кои возеа и со 5, 6, па и 7 литри во просек, што значи дека во голема мера потрошувачката зависи и од тоа како се вози автомобилот.

Во моментов, не постои автомобил со тие димензии и сила на мотор, кој троши толку малку. Дури, и помалите автомобили (помали и по димензии и по сила на мотор), не може да се пофалат со толку ниска реална потрошувачка.


Напомена, во сите тест возења се возеше без вклучен клима-уред, со 2 патника во автомобилот.

Натпреварот, на иницијатива на Suzuki Македонија се организира од две причини - да се докаже колку малку трошат Suzuki моделите (речиси исто колку и фабрички декларираната потрошувачка), но и да се потенцира фактот дека колку различниот начин на возење има влијание на потрошувачката. Интересно, натпреварувачите кои имаа најслаб резулат (највисока потрошувачка), не бе оние што се најспори, туку оние што многу рано уфрлуваа во повисок степен на пренос и забрзуваа многу споро.



За да се вози штедливо, треба да се вози во оптимален режим на моторот, впрочем онака како што компјутерот сугерира, опција што ја има кај голем дел од автомобилите денес.

Во продолжение е листата, а најдобриот секако ќе ја добие ветената награда - викенд со S-Cross, со полн резервоар гориво.

4,0 Љубомир Рафајловски
4,2 Филип Јовановски
4,3 Дора Локвенец
4,3 Драган Соларов
4,7 Филип Тантуровски
4,8 Веле Митревски
4,9 Оливер Стојановски
5,1 Ненад Каталиниќ
5,4 Димитар Андоновски
5,6 Методиј Илијоски
7,1 Димитар Јовановски
7,0 Драги Пејковски

Ревијално, возеше и Мики Црнокрак, кој извози и со потрошувачка од 3,6 литри, но на малку поинаква рута. Затоа неговиот резултат не е влезен во официјалниот дел. Заради доверливост, од Suzuki се погрижија да има и снимен видео материјал, од почетокот на рутата, со рестартирање на борд компјутерот, па се до крај.

Ревијално, возеа и дел од вработените во Suzuki, кои, исто така, извозеа под 4 литри на истата рута.

Suzuki Test Drive Day ќе биде настан што ќе се случува почесто. Ќе има натпревари со различни модели, на различни рути, а секако, ќе има и награди. Наредниот настан ќе биде на почетокот на месец Септември.