Suzuki

Новости

 

Celerio - наследникот на Alto

Фановите со нетрпение го очекуваат лансирањето на новиот мал градски автомобил. Celerio привлекува вниманието со добра причина - ќе да биде наследник на Alto.

Минатата година беше претставен концептот A-wind. Сериското производство ќе започне кон крајот на 2014-та, а во Европа вистинското име на моделот ќе биде Celerio. Димензиите се: 3.600 mm во должина, 1.600 mm широчина и 1.540 mm висина. За моторизацијата ќе биде задолжен 1,0-литарски агрегат со 70 КС и 5-брзински рачен менувач или CVT.

Се очекува Celerio да располага со нова технологија за трансмисија, која ќе овозможи возачот да менува брзини без притискање на квачилото. Сепак, оваа верзија можно е да ќе биде достапна само за индискиот пазар. Како и да е, нас ни преостанува да го почекаме Celerio и да се увериме во неговата појава.