Suzuki

Новости

 

Хамилтон го победи Фетел возејќи Suzuki Liana

Во натпреварот организиран од страна на автомобилското шоу "Top Gear", возејќи го автомобилот на Suzuki, Британецот постигна време што е за нешто повеќе од секунда подобро од она на Фетел...

Светскиот шампион од 2008-ма, пред шест години го имаше својот втор настап во "Top Gear" - во трката на автомобили со разумна цена, и тогаш на влажна патека постави резултат од 1:44.7.

Овој пат, на сува патека, возејќи го економичниот модел Suzuki Liana, Хамилтон со време од 1:42.9 го зазема првото место на листата на Top Gear, односно во натпреварот каде автомобилското шоу бара од светски познатите возачи на F1 да го извозат својот најбрз круг со "стандарден автомобил".

На гостувањето во шоуто Британецот изјави: "Навистина сум пријатно изненаден. Ќе бев разочаран од себе доколку не успеев да извозам конкурентно време"

Во продолжение, погледнете го видеото од возењето на првопласираниот, а и листата на најбрзите кругови кои на F1 ѕвездите во рамките на овој интересен натпревар.

Линк до видеото, тука

F1 возач

Време (минути)

Lewis Hamilton
Mark Webber
Sebastian Vettel
Rubens Barichello
The Stig (ll)
Nigel Mansell
Lewis Hamilton
Jenson Button
The Stig (l)
Damon Hill
Mark Webber

1.42.9
1.43.1
1.44.0
1.44.3
1.44.4
1.44.6
1.44.7 (w)
1.44.7 (w)
1.46.1
1.46.3
1.47.1 (w)