Suzuki

Новости

 

Уште едно признание за SX4 S-Cross - Најдобар компактен SUV, во конкуренција на Skoda Yeti и Nissan Qashqai

Според темелната анализа на Koli.com.mk, SX4 S-Cross е логично најдобриот избор.

Целата споредба може да ја прочитате во продолжение. Текстот е превземен од Koli.com.mk

"Од бројките на хартија, до реалното чувство при возење и експлоатација, во оваа споредба има еден чист и јасен победник, а тоа е S-Cross. Убедливо најдостапен, со најекономичен бензински мотор, најудобно возење, најголем багажник и најдобра ергономија, најновиот модел од оваа класа е моментално и најдобриот избор."

Класата која нуди простор за целата фамилија и сиот багаж, многу опрема, коректна цена, но и насмевка на оние кои се уште имаат авантуристички дух, веќе безобразно ги редефинира границите на тоа што е доволно....

SUV моделите од компактната класа стекнуваат се поголема популарност и во Македонија, делумно поради реалните предности кои го носат, но и заради статусниот симбол кој доаѓа во пакет со надворешниот изглед. Факт е, реално се подобар избор и од моделите од компактната класа, најмногу заради рационалниот сооднос вложено / добиено.

Всушност, Qashqai, Yeti и S-Cross, не само што се функционални, туку се и забавни за возење, а во верзиите со погон на сите четири тркала и доволно добри на терен, односно на лоши патни услови. И сето тоа за цена по која може да се купи компактен автомобил...

... Во возење, тројката се однесува стабилно и динамично, скоро како некој компактен автомобил. Тука особено се истакнува новиот S-Cross на Suzuki, кој се навалува помалку од Qashqai и Yeti и многу попрецизно и подиректно влегува во свиоците.

... Новиот адут на Suzuki е и натаму најдобриот автомобил на терен, иако и Yeti не заостанува премногу. Адутот на Nissan е навистина наменет пред се за полесни излети надвор од патот.

... Разликите во цените меѓу Qashqai и конкурентите се навистина големи, а Qashqai тоа не успева да го оправда ни со опремата. Во основниот модел нема ESP, што е голем минус за безбедноста, иако има 6 воздушни перничиња. Клима уредот, како и кај сите конкуренти е мануелен, а Bluetooth е стандардно достапен. Чешкиот кросовер пак има ESP во основното ниво на опрема, но понудата на само 2 воздушни перничиња е неопростива во еден модерен автомобил, особено од оваа класа. Основниот модел нема ни аудио уред, а централното заклучување е без далечинско! А да не зборуваме за темпомат или команди на волан!Вистински победник во однос на вложено – добиено е S-Cross, кој уште во основниот модел нуди целосна опрема за безбедноста (7 воздушни перничиња и ABS+ESP), целосна електрика (предни и задни прозори, ретровизори), аудио уред со USB приклучок, клима уред, темпомат итн... Всушност, S-Cross има опрема која е побогата дури и од онаа на поскапите модели на конкурентите! Единствено, новиот Suzuki нема толку можности за персонализација како конкурентите, но во оваа класа тоа и не се чини како преголем проблем, особено поради богатата понуда на опрема уште во првите два модели.

Но, новиот адут на Suzuki не победува само во односот на вложено / добиено, туку и кога се во прашање трошоците. Благодарение на модерниот бензински агрегат и лесната и аеродинамична каросерија, S-Cross се задоволува со помалку гориво отколку Yeti и Qashqai, со просечна потрошувачка од само 6,3 литри на 100 km (5,5 фабрички). Ова е речиси за два литри помалку од просекот на Yeti од 8 литри, односно литар и пол од Qashqai (7,7 литри). Изненадувачки резултат на реалните тестови за потрошувачка.

Очекувањата би биле дека токму моторот на Yeti, опремен со турбо полнач и конструиран по технологијата "downsizing" треба да е најекономичен. Или, се е само добар продажен маркетинг. Реално, послабата аеродинамика на Yeti е една од главните причини за високата потрошувачка.

... Во кабината - Шампион во оваа категорија е S-Cross, кој нуди 430 литри големина, без да одзема на просторот на патниците, додека Qashqai, иако најголем однадвор, нуди 415 литри багажен простор.



Во однос на сервисните и другите трошоци во меѓувреме, јасно е, најевтин за одржување е S-Cross, па Yeti, па Qashqai. Ако се земе в предвид дека, за исто ниво на опрема, S-Cross е поевтин од конкурентите, троши помалку гориво, и помалку удира по џеб низ годините на екслпоатација, за период од 6-7 години или поминати 100-тина илјади километри, може да се дојде до вкупна сума од 7-8.000 Евра разлика или заштеда во однос на Qashqai, и 3-4.000 Евра заштеда во однос на Yeti. Затоа, S-Cross е апсолутен победник и кога финансите се во прашање

Оригиналниот текст може да го прочитате на Koli.com.mk