Suzuki

Новости

 

Koli.com.mk: S-Cross нуди простор и чувство на SUV, а динамика на возење како кај компактен автомобил

Одлични критики доби S-Cross на специјализраниот портал за автомобили Koli.com.mk.

"Освен што во името содржи SX4, новиот компактниот кросовер на Suzuki, SX4 S-Cross, речиси во ништо не наликува на својот претходник..."

"Suzuki може да го понесе епитетот крал на ергономијата. За поздравување е тоа што, јапонците се одлучија ергономијата да ја прилагодат на европскиот купувач... S-Cross е конципиран и дизајниран според потребите на европскиот купувач... "

"Вози динамично како и својот претходник, но сега е и многу поудобен..."

"S-Cross нуди простор и чувство на SUV, а динамика на возење многу слична како кај компактен автомобил..."

"Позитивно изненадува стабилноста и управливоста и на поголеми брзини, а, ако нешто вистински импресионира кај S-Cross, тоа е избалансираната сила на моторот, низ сите степени на пренос и во речиси цело работно подрачје..."

"Моторите (и двата, и бензин и дизел) се доволно еластични. Особено е очигледен напредокот во еластичноста кај бензискиот мотор..."

"Изненадувачки добро и прецизно се однесува управувачот, кој (споредено со претходникот), враќа повеќе повратна информација од патот што допринесува за поголема сигурност и леснотија во возењето, како и слобода да се вози побрзо..."

"Иако има релативно повисока каросерија, S-Cross минимално се навалува во кривини и нуди чувство на возење на компактен автомобил..."

"Доколку се спореди со конкурентите, S-Cross сигурно е најудобниот автомобил, што е особени значаен критериум, посебно во оваа класа на автомобили..."

"Кај S-Cross се звучи и работи перфектно. И моторите, и менувачот, и сите други команди..."

"Простор има сосема доволно, и на предната клупа, и позади, но и во багажникот. Едноставно, автомобилот е направен да биде сериозен семеен практичен автомобил..."

"S-Cross е на врвот на листата на автомобили каде мртвите агли со доведени до минимум. Кај S-Cross седењето и позицијата е токму онака како што налагаа секоја логика за лесно и безбедно возење..."

"S-Cross уште во основниот модел нуди многу опрема. Во однос на почетната цена, стартувајќи од 14.990 за бензиски мотор и 16.990 за дизел, Suzuki повторно е многу фер во однос на понудата, и секако има подобра цена од онаа на конкурентите, иако се работи за најнов модел..."

"Она што импресионира кај S-Cross секако е потрошувачката. Со нормално возење низ град, кај дизел моторот, бројката за реална потрошувачка е некаде околу 6,2 литри, а на отворено 5,3. Ако се вози штедливо, сигурно потрошувачката на отворено може да биде прилично пониска..."

"Нема сомнеж во однос на квалитетот и доверливоста која ја нуди Suzuki. Ако нешто може да бидете сигурни, тоа е дека нема да има потреба да одите на сервис (освен за редовни сервиси секако) и тотално може да се препуштите на уживањето и возењето и потребиет на вашето семејство..."

"Употребата на челик со висок квалитет дополнително придонесува за помала тежина и поголема безбедност на возилото..."

"Иако не е типично теренско возило, туку е урбан модерен кросовер, S-Cross, сосема солидно се снаоѓа на терен, особено со најновата 4x4 технологија (со назив All Grip)..."

"Спореден со најблиските конкуренти Nissan Qashqai, Opel Mokka, Skoda Yeti, Chevrolet Trax, Мitsubishi Аsx како и ценовно блиските но поголеми Кia Sportage и Hyundai ix35, сигурно S-Cross е многу лочиген прв избор. Не само затоа што е добар во речиси сите важни категории, туку и поради цената, која, иако порасна, се уште е најповолна, особено ако се земе предвид фактот дека и во основните модели, опрема има сосема доволно. Во однос на Кia Sportage и Hyundai ix35 е поудобен и поекономичен (многу поекономичен), а во однос на Nissan Qashqai и сличните модели има најдобар сооднос на добиено/вложено."

Целосниот тест може да го прочитате на Koli.com.mk