Suzuki

Новости

 

Automedia: Suzuki SX4 Cross е најдобар избор меѓу компактните кросовери

Одлични резултати за S-Cross на споредбата со конкурентите Skoda Yeti, Chevrolet Trax, Peugeot 2008, Renault Captur, според мислењето на специјализираниот портал Automedia.mk

"S-Cross, како што гласи додавката во втората генерација на Suzuki SX4, најверно ги следи основните принципи на кросоверите и на крајот тоа му донесува победа во ова одмерување на силите на најевтините модели на нашиот пазар. Suzuki има најголема каросерија, но тоа не го користи само за прикажување, туку извлекува и корист. Меѓуоскиното растојание е најголемо, заедно со Captur, стандардната големина на багажникот исто така е најголема, дури 25 литри повеќе од практичарот Yeti. Иако во должината на каросеријата има десетина сантиметри повеќе од Skoda и дваесетина повеќе од француските кросовери, S-Cross сепак е најлесен. Пријатно изненадува и носивоста од 570 килограми, што е повеќе и од Yeti.

Моторот од технологија користи само варијабилна контрола на брегастите вратила, но и тоа се покажува сосема доволно. Заедно со помалиот Captur, Јапонецот троши најмалку во оваа петорка – повторно поздрав од ниската тежина. Тоа му дава предност и во автономијата. Со 870 километри со полн резервоар, при патување мора да се запира помалку отколку со Chevrolet, кој мора да дополнува 55 километри порано. На крај доаѓа и опремата. Во ниту еден поглед Suzuki не заостанува зад поскапите конкуренти, туку напротив, често пати е во предност. Тоа е сепак вообичаена политика на Suzuki. За победата да биде уште поубедлива на крајот придонесува и промотивниот попуст од 1.000 евра, со што S-Cross меѓу неговите доблести ја приклучува и најниската цена во конкуренцијата."

Целосната споредба може да ја прочитате на Automedia.mk