Suzuki

Новости

 

Suzuki SX4 S-CROSS ја доби највисоката оценка за безбедност

Kросоверот од C - сегментот, новиот SX4 S-CROSS, кој веќе се дистрибуира и во Македонија, ја доби највисоката оценка (5 ѕвезди), на Euro NCAP тестот за безбедност.

Euro NCAP претставува рејтинг за безбедносните перформанси на возилото кој се базира на стандарди поставени од страна на Европската комисија. Од 2009-та година, возилата се оценуваат со ѕвезди, при што минималната оценка е нула, а максималната, пет ѕвезди. Рангирањето се спроведува преку споредба на резултатите постигнати во четири различни области: заштита за возрасни, безбедност на децата, заштита на пешаците и безбедносно асистирање.

Целокупниот рејтинг на новиот SX4 S-CROSS, кој се базира на засебните резултати во секоја од овие четири категории, се максимални 5 ѕвезди, со што моделот се вбројува меѓу најбезбедните возила тестирани од страна на Euro NCAP во 2013-та година. Во однос на четирите области поединечно, може да се истакне дека возилото покажа беспрекорни безбедносни перформанси во поглед на заштитата на пешаците.

Новиот SX4 S-CROSS ја поседува новата каросерија со способност за ублажување на ударите - TECT (Total Effective Control Technology), што всушност е дел од актуелните Suzuki Green Technologies. TECT е инкорпориран на различни места од каросеријата, а вклучува и рамка која ја редуцира и прераспределува енергијата од ударот, во комбинација со супер цврста кабина, што несомнено е рецепт за извонредна отпорност на удари. Употребата на челик со висок квалитет дополнително придонесува за помала тежина и поголема безбедност на возилото.

Новиот SX 4 S-CROSS е извонредна комбинација на стил, новитети, перформанси и економична потрошувачка. Станува збор за модел кој може да понуди големо уживање во возењето и голем број на опции за членовите од семејството во различни ситуации.