Suzuki

Новости

 

Suzuki најави три нови концепт модели

На саемот за автомобили во Токио, Suzuki претстави три концептни новитети.

Прв е црвениот Crosshiker - компактен crossover кој тежи само 810 килограми, а е придвижуван од новиот 3-цилиндричен, 1,0-литарски бензински мотор. Со оглед на зголемената популарност на мали crossover-и овој автомобил може лесно да влезе во сериско производство, станувајќи притоа сериозен конкурент на модели како Volkswagen Taigun.

Вториот концепт, Х-LANDER се базира на истата платформа како моделот Jimny односно има погон на сите четири тркала. Придвижуван е од 1,3-литарски агрегат поврзан со нов роботизиран рачен менувач и електричен мотор. Значи, станува збор за хибриден модел, а евентуалната сериска верзија би била ривал со Nissan Juke и други слични автомобили.

Последниот концепт е портокаловиот Hustler кој, иако е комбинација на Crossover и Hatchback, сепак припаѓа во сегментот на мини автомобили. Од оваа студија тешко дека ќе произлезе сериска верзија, но доколку такво нешто сепак се случи, моделот нема да биде достапен за европскиот пазар.