Suzuki

Новости

 

Со концептот iV-4, Suzuki најавува нов мал кросовер

Агресивен и маркантен дизајн – нешто што Suzuki го започна со Kizashi, сега преточено во мал SUV, кој треба да влезе директно во врвот на класата.

Еден од основните економски постулати вели дека човекот не треба да го произведува она што го прави најдобро, туку она што луѓето сакаат го да купат.

Suzuki е докажан во производството на компактни теренски возила (Jimny) и кросовер модели (SX4), така што и новитет најавен во овој растечки сегмент би требало да се снајде "како риба во вода".

Автомобилот наводно во продажба би требало да биде пуштен за неколку години, а од Suzuki не откриваат апсолутно никакви технички детали, па сега за сега ќе треба да се задоволиме само со две фотографии и промо видеото, кои производителот реши да ги отстапи.

Концептот го карактеризира мускулест изглед, надополнет со големи 20 инчни тркала, додека екстериерот ќе може да се персонализира по желба на купувачот, преку избор на различни бои и текстури на панелите.

Со должина од само 4.215 mm и ширина од 1.850 mm, концептот на Suzuki е исклучително компактен автомобил. Згора на тоа, и целосната конструкција е изработена од лесни материјали, додека погонот на сите четири тркала е од новата генерација ALLGRIP, што треба да донесе најдобра динамика и агилност во класата, и секако врвни теренски возни својства.

Сериски модел на база на овој агресивен концепт SUV треба да се појави на европскиот пазар во 2015 година, а ќе се произведува во фабриката Magyar Suzuki во Унгарија.