Suzuki

Новости

 

Swift дизел, достапен за 11.690 Еур

Малиот шармер, Suzuki Swift, со дизел мотор, отсега достапен и зза неверојатни 11.690 Еур. Ви ја претставуваме новата продажна акција со која богато опремен Swift со 1.3 DDiS мотор со 75 КС и GL ниво на опрема, се нуди по одлична цена.

Нивото на опрема GL, иако прво во понудата, нуди многу повеќе од конкурентите:
Кожен управувач, подесив по висина, со аудио команди, клима уред, 7 воздушни перници, ABS + EBD, ESP + TCS, USB, Радио CD (MP3/WMA) со 6 звучници, Патен компјутер итн...

Новитет кај Swift се и предните LED светла кои дополнително го нагласуваат спортскиот изглед, како гаранција дека забавата е неограничена.

"More Swift" е развојна идеја и желба новиот Swift да достигне повисоко ниво на економичност, возбуда, динамично-спортски стил, беспрекoрен изглед и завршна обработка. Потпирајќи се на одличниот дизајн и перформанси на неговиот претходник, Suzuki го унапреди секој детаљ на овој функционален автомобил. Резултат е спортско дизајниран автомобил кој е совршено прилагоден на потребите и животниот стил на корисниците. Потполно новиот Swift без сомнение ќе испише нова возбудлива приказна за успехот на Suzuki Motor Corporation.

Прочитај повеќе за Suzuki Swift