Suzuki

Новости

 

Пристигна новиот Suzuki, S-Cross

Различен, впечатлив и практичен. Со најмногу внатрешен простор во однос на конкурентите, S-CROSS е многу повеќе од SUV - тој е совршен спој на безбеден семеен автомобил, врвни перформанси и неограничен комфор.

Благодарение на најновата ALLGRIP 4WD технологија, возењето и во град и на отворено е вистинско уживање.

Како што најавува слоганот: Повеќе простор, повеќе слобода, во секој поглед, новиот S-CROSS го дополнува она што Вие секојдневно го правите - спорт, игра, патувања, авантура, урбана авантура... Листата може да биде долга, колку што е долга Вашата имагинација. Автомобил со перформанси прилагодени за секаков терен, интелигентен дизајн и софистициран изглед. Новиот S-CROSS го носи уникатниот стил и иновацијата на оригиналниот Suzuki SUV на следно повисоко ниво. Слобода, во секој поглед.

Достапен и со бензиски и со дизел мотори, S-Cross е во класата на мали SUV модели - доволно голем за да понуди високо ниво на комфор во ентериерот, и доволно мал за успешно да се справи со градските гужви.

Сите мотори се 1.6 литарски со 120 КС. Она што ги карактеризира се високиот вртежен момент и ниската потрошувачка. Минималната потрошувачка, на отворено, кај дизел моторот со погон на предни тркала е неверојатно ниски 3,7 литри.

Почетната цена е 14.990 Еур, за бензиски мотор и GL ниво на опрема, кое вклучува: Кожен управувач, подесив по висина, со аудио команди, клима уред, 7 воздушни перници, ABS + EBD, ESP + TCS, USB, Радио CD (MP3/WMA) со 6 звучници, Патен компјутер итн...

Прочитај повеќе за Suzuki S-Cross