Suzuki

Новости

 

Новиот Suzuki, S-Cross - Динамичен дизајн, вистински кросовер карактеристики, погон на четири тркала и поголема просторност

 

Задржувајќи го единствено името, го претставуваме целосно новиот SX4.

"S" како ознака за марката Suzuki, "Х" за кросовер карактеристиките, а "4" за погонот на сите тркала, новиот Suzuki SX4 и официјално беше претставен на 83-тото издание на Меѓународниот саем за автомобили во Женева.

• Кросовер карактеристики

• Повеќе простор за патниците и багажот

• Бензински и дизел мотори со зафатнина од 1.600 ccm³

• Нова генерација на AWD ALLGRIP 4WD

• Најниска емисија на штетни гасови во својата класа

• Првиот двоен лизгачки панорамски сончев кров во светот

Следејќи ги барањата секогаш да се излезе во пресрет на современите потрошувачи во категоријата на кросовер возила, преку овој модел компанијата се залага за вистински кросовер карактеристики.

Новиот SX4 ги вклучува најдоминантите карактеристики кои марката може да ги понуди, развиени благодарение на долгогодишното искуство во конструирање на компактни автомобили, како и усвојувањето на искуства од постојаната специјализација во однос на погонот на четири тркала.

Автомобилот е динамичен, како што му доликува на кросовер возило, во комбинација со интелигентни и практични решенија кога е во прашање обликувањето на ентериерот. Со меѓуоскино растојание од 2,6 метри и багажен простор од 430 литри, SX4 e еден од предводниците во својата класа.

Моторизацијата кај новиот SX4 се состои од бензински мотор со зафатнина од 1,600 ccm³ и моќност од 120 КС, во комбинација со рачниот пет, односно шест брзински менувач или 7S МВТ со команди поставени директно на управувачот. Моделот ќе има најниски емисии на CO2 во својата класа.

Новитет е и технологијата 4WD ALLGRIP која се однесува на четирите можности кои се на избор на возачот во зависност од условите на патот (AUTO, SNOW, SPORT & LOCK), а нуди четири функции кои се менуваат по избор на возачот за оптимална контрола и безбедност на сите патни површини. Освен 4WD (погон на сите четири тркала), новиот SX4 секако ќе се нуди и со погон на две тркала (2WD).

Новиот SX4 е опремен и со опција за автоматско стартување и исклучување на моторот, ESP, седум воздушни перничиња, а тука е и првиот двоен лизгачки сончев покрив во светот.

Продажбата ќе започне наесен, оваа година.

Како најава, актуелниот SX4 во Македонија се уште е најпопуларен и најпродаван мал SUV модел.