Suzuki

Новости

 

Повеќе опрема, помоќни мотори – Suzuki Splash

Suzuki Splash е најголем во својата класа. Комбинираната потрошувачка изнесува 4.7l/100km...

Бидејќи Suzuki Splash е направен да биде вашиот нов автомобил, неговите цени се навистина пријателски и забавни. Апсолутно, цената потсетува на зборот МАЛКУ.

Цените почнуваат од 8.900 евра со попуст (цената без попуст изнесува 10.700 евра) за моделската изведба GLS со 1.0-литарски мотор со 68 КС, изведбата со ниво на опрема, исто така, GLS со 1.2-литарскиот мотор со 94 КС, кој е преземен од новиот Suzuki Swift чини 9.500 евра. Повисоките нивоа на опрема, GLS STYLE ESP и GLS AUTO во своите изведби го носат истиот 1.2-литарски мотор со 94 КС преземен од новиот Suzuki Swift, а нивните цени изнесуваат 10.300 евра и 10.800 евра.

Без разлика дали ќе се одлучите за 1.0-литарскиот три цилиндричен мотор, или за 1.2-литарскиот четири цилиндричен мотор – Suzuki Splash го карактеризираат навистина импресивни возни особини, но и импресивна потрошувачка на гориво. Со само еден резервоар од 45 литри, без никаков проблем, ќе можете да поминете и до 1000 километри.

Моторите кои се вградуваат во сите моделски изведби на Splash, ги задоволуваат EURO 5 стандардите. Просечната (комбинирана) потрошувачка за сите моделски изведби е значително намалена во однос на претходниот модел, а посебно за секоја изведба е следната:
- 1.0-литарскиот мотор со спецификации L 5MT изнесува 4.7l/100km
- 1.2-литарскиот мотор со спецификации L 5MT изнесува 5.1l/100km
- 1.2-литарскиот мотор со спецификации L 4АT изнесува 5.7l/100km

Намалената потрошувачка на гориво, не влијае на силата на моторот. Напротив, новите мотори сега имаат и поголема моќ – 1.0-литарскиот агрегат сега развива 68 КС (претходниот – 65 КС), а 1.2-литарскиот мотор има моќ од 94 КС, наместо 86-те КС на претходникот.

Моделската изведба GLS со вграден 1.0-литарски агрегат, има и многу повеќе опрема во однос на претходникот, а многу пониска цена. Имено, покрај веќе постојната опрема, како стандардна, во овој модел се вградува и кожен волан подесив по висина, команди на воланот и Радио CD, а цената со попуст изнесува 8.900 евра (цената без попуст е 10.700 евра). Гумите се со димензии 185/60/15.

Кој вели дека со „Smoky Green Metallic“ или „Turquoise Lagoon“ доаѓа и празнично и свечено расположение, навистина e во право. Конечно, овa се само две од десетте нови бои, кои го издвојуваат Suzuki Splash од боите на секојдневието на градот.

Ќе бидете изненадени колку вашиот нов Suzuki Splash се движи добро и брзо низ гужвите на градскиот асфалт, а тоа е заради дизајн концептот на Spash за динамично справување со градот. Како му успева тоа? Хармонични пропорции, динамични линии, освежен изглед. И, ќе бидете забележани, сигурно.

И покрај компактните димензии на овој градски автомобил, изненадувачки е колку добро е имплементиран концептот на внатрешен голем простор. Само еден податок е доволен: товарниот волумен кај малиот Splash изнесува неверојатни 1050 литри.

Со својата независна суспензија кја вклучува McPherson кочници и торзиона воздушна оска со спирални пружини на задниот дел од шасијата, секојдневните градски предизвици за Splash не се проблем. Чувствителниот серво управувач и прецизната работа на системот на кочење му даваат на возачот чувство на оптимална контрола над возилото, постојано.

Безбедноста на Suzuki Splash е на многу високо ниво: Уште во основно ниво на опрема, автомобилот доаѓа со стандарден ABS систем и систем за електронска дистрибуција на сопирната сила, целосна големина на воздушни перничиња за возачот и совозачот, предни странични воздушни перничиња, систем за заштита од странични удари и ISOFIX детско седиште во прилог.

Во повисоко ниво на опрема доаѓа и систем за електронска стабилност ESP, со контрола на влечната сила TCCS и воздушна завеса од перничиња напред и назад.