Suzuki

Новости

 

Suzuki XA Alpha - издржливост и мускули

Maruti Suzuki, Индиското крило на Јапонскиот производител, на Саемот во Њу Делхи го претстави XA Alpha Concept, кросовер SUV.

Истиот би бил наменет како за off-road, така и за урбаните услови. Инспириран и дизајниран според мотиви од Индиското традиционално борење.

Базиран на платформата на Suzuki Swift, XA Alpha е долг четири метри, што го позиционира некаде помеѓу Suzuki Jimny и Suzuki Grand Vitara, кои исто така се наоѓаат во SUV понудата на Suzuki.

Визуелно, XA Alpha добива остар преден дел, напумпани крила и карактеристичната, накосена линија на страничните прозори, која им е многу добро позната на сопствениците на Swift. Lava Red бојата истакнува моќ и пасија. Мотото со кој е презентиран овој концепт е “Wild Urban”.

Модели како XA Alpha ќе бидат дел од растечкиот пазар во Индија, a Maruti Suzuki има намера, токму со овој SUV, да се зацементира на првото место во Индија, како производител.

Што ќе го придвижува XA Alpha, уште не е потврдено. Но, доколку стигне до производство, овој концепт би требало да има под хаубата 1.2-литарски бензински и 1.3-литарски дизел мотори, кои се вградуваат во Swift. Што се однесува до погонот, XA Alpha ќе го има на сите четири тркала, исто така од Swift.