Suzuki

Новости

 

Спортскиот шмек на Suzuki - Swift S Concept

Suzuki Swift S Concept Lightning Pearl Yellow е специјално издание на автомобилскиот саем 2011 Geneva...

Базиран на новиот Swift, S Concept додава спортски „шмек“ во стилскиот дизајн на Swift со поспорска линија и дизајн.

Swift S Concept е понизок и 60mm поширок од стандардниот Swift, така што остава впечаток дека не е толку компактен како што навистина е. Динамичниот изглед на предните и задните браници и големиот заден спојлер – елементи кои му помогаат за поголема брзина и забрзување, додека 18-инчните пневматици даваат чуство на стабилност.

Спортската ДНК на Suzuki е прикажана во жолт дизајн. Жолтата, црната и темно-сивата металик бои за ентериерот и екстериерот беа инспирани од спортски атлетски обувки. Во ентериерот, управувачот, седиштата и централната конзола даваат исклучителен дизајн. Распоредот на кабината овозможува простор за четири возрасни лица. Дел од централната конзола е изработна од карбон фибер.

Suzuki Swift S Concept спецификации:

Должина: 3,890 mm
Ширина: 1,755 mm
Висина: 1,475 mm
Меѓуосовионско растојание: 2,430 mm
Мотор: M16A 1.6L
Преден погон
Пневматици: 225/45R18
Трансмисија: 6-степен рачен менувач