Suzuki

Новости

 

Три нови урбани концепти од Suzuki

Непосредно пред саемот во Токио,Suzuki ни го искушува трпението со три нови интересени дизајни....

Изгледа штандот на Suzuki ќе помине во знакот на „мало е добро“, иако Regina (насловна слика) нешто отскокнува од овој тренд, сепак тоа е визијата за следната генерација на глобален компактен автомобил на Suzuki кој минува 30 Km со еден литар гориво. За ваквата неверојатна способност, главен удел има малата тежина и подобрената аеродинамика. Regina тежи само 750 Kg.



Втор на ред, е Q-concept, мал и интересен автомобил во вид на компакт диск. Тоа е мал градски автомобил со должина од само 2,5 метри и две седишта. Внатрешниот дизајн, односно боите кои преовладуваат тука, се повеќе наменети за позитивни лица или помладата популација. Иако од Suzuki нема информации за неговиот погон, сепак најверојатно Q-concept е со електричен погон, бидејќи компанијата вели дека „тој е наманет за возење во радиус од најмногу 20 километри“.

Триото го комплетира Swift EV Hybrid кој има најнормален изглед. Тоа е електричен автомобил кој со електричен погон може да помине 20-3о км пред да се активира бензинскиот погон. Сепак, за повеќе информации за можностите на батеријата ќе треба да се воздржиме до саемот кој ќе трае од 3ти до 11 декември.