Suzuki

Новости

 

Regina Concept – новиот глобален компактен автомобил

Една од поинтересните новини на саемот во Токио беше последниот дел од триологија на Suzuki - Regina Concept...

Белиот кров и ретро изгледот се само стратегијата на Suzuki да ве привлече со овој концепт, додека start-stop системот заедно со технологијата за регенеративно кочење, со цел да се заштеди што повеќе гориво, е планот со кој јапонската компанија ќе ве задржи „загреани“.

Regina го ја придвижува бензински мотор од 800 кубици на турбо погон како и нова CVT трансмисија која заштедува 10% повеќе гориво.



Димензиите на Regina изнесуваат 3500 мм во должина и 1600мм во ширина. Каросеријата е специјално приспособена аеродинамички и составена од лесни материјали. Како резултат на тоа Regina тежи 730 килограми, што ја прави полесна од моменталниот Suzuki Swift за 300 кг. Ова во комбинација со stop/start системот придонесува за потрошувачка од 3.76 литри/100 км и ниска емисија на штетни гасови од само 70 г/км.

Друго поле на кое може да се пофали Suzuki Regina Concept со уникатност е ентериерот кој е оптимизиран за да овозможи колку што е можно поголем простор. Централната конзола е релативно поднавалена за да овозможи поголем простор во кабината.

Засега нема планови од Suzuki за Regina да влезе во производство, но дефинитивно компанијата нема да се откаже од автомобилот кој предизвика огромна заинтересирана на саемот.