Suzuki

Новости

 

Блесна концептот Suzuki Grand Vitara Marine!

Grand Vitara Marine Concept е уште еден од амфибиските модели - истовремено автомобил и брод...

Овој концепт е дел од понудата на „едно прилагодено лудило“ од страна на земјите учеснички на SEMA шоуто за 2011 година.

Grand Vitara Marine Concep поседува outboard мотор, но и мотор со внатрешно согорување кој се монтира на задниот дел од брод, свирка од прекуокеански брод и „ ретровизор од штица за сурфање’.

Исто така, овој интересен концепт поседува и морски инспирирана завршна боја на шасијата „ која е наменета да му одговара на секој човек од морето’, изјавија луѓето од Suzuki во една изјава.

Suzuki не е првото име кое му паѓа на човека на памет кога се споменуваат амфибиски возила. Но, тоа е главната ударна сила на Suzuki Grand Vitara Marine Concept на автомобилското шоу SEMA во Лас Вегас. Концептот е чедо на студентите од Техничкиот колеџ во Охајо.