Suzuki

Новости

 

Споредба: Alto vs. Spark vs. i10 vs. Picanto

Suzuki најдобар помеѓу малишаните...

Иако моделите од популарната мини класа кај нас се популарни најмногу поради ниската цена, тоа апсолутно не значи дека не треба да влезат во најтесниот избор за градски автомобил. Напротив, модерните дизајни, употребата на напредни технологии и големите вложувања во безбедноста и удобноста, придонесоа некои од нив да бидат дури и семејни автомобили.



За да ви помогнеме околу изборот, ќе споредиме дел најпопуларните мали автомобили кај нас, со слични 1.0 литарски бензинци со сила од околу 70 КС. Сите од различна автомобилска школа, со различни предности и недостатоци, но со иста цел: да бидат најдобри градски автомобили и да привлечат што е можно повеќе купувачи. Разлики по критериуми секако постојат, мали се, но за некому и многу битни.

Заедничко за сите модели е што нудат многу за вложените пари - лесни и евтини се за одржување и многу важно, помалку трошат од автомобилите од повисоките класи. Видлива е и трката за повеќе простор во внатрешноста, па сите модели кои се дел од оваа тест-споредба можат удобно да сместат четири возрасни патници.

Прочитај повеќе на Koli.com.mk