Suzuki

Новости

 

Suzuki со нов рекорд

„Чудoвиштето“ Suzuki Hill Climb Special ја сруши границата од 10 минути! ...

Возилото Suzuki Hill Climb Special кое го возеше Таџима застана на границата од 9 минути, 51,28 секунди и при тоа му стави крај на долгогодишниот рекорд. Возачите имаа цел да го срушат рекордот уште од времето на Род Милен, петкратниот шампион во класата Unlimited, кој победи со време 10:04.06 во 1994 година.

Нобухиро „Чудовиштето“ Таџима, кралот на меѓународно ридско искачување во Пајкс Пик во Колорадо, ја забележа својата шеста победа по ред во неделата, со тоа рушејќи ја 10 минутната бариера.

89-тото издание на оваа историска трка беше последна пред целата траса долга 12 милји да биде прекриена со алфалтен слој. Многу години, уште од првата трка во 1916 година, патот кој води до врвот на познатата планина Колорадо беше прекриен само со чакал. Сега простануваат помалку од три милји од патот кој не е покриен.

Нобухиро (60) го сруши рекордот со време 10:01.408 кој тој го постави кога победи на истата трка во 2007 година. Рис Милен, синот на Род Милен, заврши на второто место со време 10:09.24. Жан Филип Доро беше трет со време од 10:17.71.