Suzuki

Новости

 

Suzuki – од разбој за ткаење, до супер успешните мотоцикли и автомобили

Историјат на еден од најстарите и најиновативни јапонски брендови, кој денес е меѓу 10-те најголеми производители во светот...

Брендот кој е познат по доверливите и квалитетни автомобили, како и по спортските мотоцикли, своите почетоци ги имаше со правењето разбои за ткаење. Поточно, таткото на компанијата, Michio Suzuki, во 1909 година иновираше уникатен разбој, кој можеше да ткае и хоризонтално и вертикално во исто време. Оттогаш почна приказната за бескомпромисниот фокус на креирање продукти кои ќе ги задоволат барањата на луѓето.

Влезот во мотоциклизмот е означен со Power Free моделот со мотор од 36 cm3, кој бил претставен далечната 1952 година. Тоа беше првиот мотор кој можеше да биде возен целосно на моторен погон, преку педали, или заедно, во превод, беше првиот мопед. Веќе наредната година, Suzuki продаваше 6.000 мотоцикли месечно.

Во 1955 година, претставен беше и првиот автомобил, наречен Suzulight. Моделот бил придвижуван од двотактен мотор со 360 cm3 и бил екстремно компактен, а истовремено бил и првиот автомобил со погон на предните тркала и независна суспензија на сите четири тркала.

Off-road програмата на Suzuki почна во 1970 година, со лансирањето на легендарниот LJ лесен теренец со погон на сите четири тркала, чија основна идеја денес ја наследуваат цела плејада теренци и SUV-а на Suzuki. Во 1980 година беше лансирано и All Terrain Vehicle.

Со 2.641.634 возила продадени глобално во 2010-та година, Suzuki денес е еден од 10-те најголеми производители на автомобили. Иновациите на полето на автомобилизмот и мотоциклизмот продолжуваат, па Suzuki последниве години го претстави првиот мотоцикл погонуван на водород “Crosscage”, како и SX4 – FCV моделот со погон на водород, кој беше и сертифициран од јапонската влада.