Suzuki

Новости

 

Целосно опремен Swift со 94 КС за 10.290 евра!

Најбогато опремен, со најсилен и најекономичен мотор – новиот Swift сега по цена од 10.290 евра!...

Опремата е исклучително богата и вклучува 7 воздушни перничиња, ABS+EBD, ESP+TCS, клима уред со филтер за полен, серво управувач, волан и седиште подесиви по висина, радио со CD+MP3+WMA+USB и 6 звучници, патен компјутер, централна брава со далечинско, електрични предни прозори, електрични и греени ретровизори.

Доплата за 5 врати е 500 евра, додека од поинтересните доплати, го одделуваме пакетот Start&Stop со Bluetooth, кој чини 300 евра, а ќе придонесе за уште поекономично и полесно возење.Моторот е 1,2 литарски со 94 КС, најмоќен во оваа ценовна категорија, а исто така и најекономичен, со просечна потрошувачка од само 5 литри на 100 km, пониска и од многу послаби бензинци.

Цените се спуштени и кај посилно опремените модели, па така моделот GLX со 5 врати сега чини 11.990 евра (-1.500 евра), а вклучува плус автоматска клима, задни електрични стакла, cruise control, keyless entry систем, 16 инчни алуминиумски тркала, автоматски светла, светла за магла, волан подесив по длабочина со команди...

Промени во цените има и за моделот Splash, кој сега се нуди по цена од 8.900 евра за модел со клима, радио со CD+MP3, електрика, 4 воздушни перничиња и ABS, кај SX4, кој сега чини 10.990 евра во основната верзија (+2.000 евра за 4х4 погон), како и за моделот Alto со автоматски менувач и највисоко ниво на опрема GLS, кој чини 9.900 евра.

Новите пониски цени важат за сите возила кои ќе бидат нарачани до 20 Јануари 2012-та година, а се оформени со директна поддршка на производителот. За повеќе информации, посетете го салонот на овластениот увозник „Миркат“ на Ул. „Скупи“ Бр. 1