Suzuki

Новости

 

Swift Sport пристигна во Македонија

Миркат ДООЕЛ Скопје во својата понуда ќе има уште еден атрактивен автомобил – Suzuki Swift Sport. 136-те коњски сили го забрзуваат Swift Sport од 0-100 km/h за 8.7 секунди, и максимални 195 km/h.

Спортскиот карактер и долгата листа на стандардна опрема, го прават Suzuki Swift Sport неверојатно посакуван, а истовремено и достапен авотмобил – со цена од само 15.900 евра.

Swift Sport e далеку пред конкуренцијата. Реномираниот AutoBild, го оквалификува Suzuki Swift Sport како најдобар спортски автомобил во својата класа.

Со своите 100 kW (136 КС), Suzuki Swift Sport e уште помоќен во однос на својот претходник. Помоќен, но не и неекономичен. Напротив, новиот Suzuki Swift Sport има значително намалена потрошувачка на гориво – 5.2 l / 100 Km. Причината за тоа е едноставна – многу години на развој, кои кулминираат со перфектно подесениот и поставен менувач. Рели-фановите ќе бидат уште посреќни, затоа што звукот кој го произведува автомобилот од двојниот издувен систем, се уште е една од главните карактеристики на Swift Sport. Забрзувањето до 100 km/h трае 8.7 секунди, поткрепено со максимална брзина од 195 km/h.

Долгата листа на стандардна опрема, ја истакнуваат автоматскиот клима уред, ESP системот за безбедност и високо-квалитетниот аудио систем. Комфорот и задоволството во возењето не се на сметка на безбедноста. Спортските браници, алуминиумските 17-инчни фелни и задните дифузери од издувниот систем само го надополнуваат впечатокот и спортскиот дух на новиот Swift Sport.

Сега кривините се уште позабавни. Спортската амортизација, развиена специјално за Swift Sport, му дава на Suzuki примеси на тркачки автомобил, со уште побрзо и постабилно управување.
Директното управување и фино подесените сопирачки, му ја обезбедуваат оптималната контрола на возачот врз возилото, во секое време. Сето ова, комбинирано со екстремно сигурните диск-сопирачки и серво-управувањето – го прават возачот подготвен во секое време. Оние “пеперутки во стомакот”, не е страв, туку чисто возачко задоволство.

Чувството на сигурност е вклучено во цената (во која е вклучено и воздушно перниче за колената на возачот). Лесната, а сепак цврста структура на каросеријата способна успешно да апсорбира удари диск-сопирачките на задните тркала, ABS и ESP системите само ја потврдуваат бескомпромисната безбедност која Suzuki Swift Sport ја нуди за патниците. Примената на лесни и цврсти метали гарантираат лесна и цврста целина.

Побарај тест возење. Прифати го предизвкот. Suzuki. Way of Life.

• 100 kW (136 КС)
• 8.7 секунди спринт од 0-100 km/h
• Максимална брзина од 195 km/h
• Ниска потрошувачка на гориво - 5.2 l / 100 Km
• Спортски изглед
• Огромна листа на стандардна опрема
• Најдобар мал спортски автомобил според AutoBild
• 17-инчни алуминиумски фелни
• Цена – 15.900 ЕУР